Претседателот на фудбалската федерација на Италија: Не се плашиме од никого, Италија ќе игра на Светското првенство

Македонија во четврток на „Енцо Барбера“ во Палермо ќе го одигра историскиот натпревар против Италија во баражот за пласман на Светското првенство кое годинава ќе се игра во Катар.

Претседателот на фудбалската федерација на Италија вели дека не се плаши од ниту еден противник во баражот, мислејќи прво на Македонија, а потоа ако поминат и на подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

„Не се плашиме од никого. Единствениот страв што го имаме е од пристрасност, од она што не можеме да го видиме. Но, мора да продолжиме напред со дигната глава и одлучно, бидејќи италијанскиот фудбал не може да ја заснова својата иднина на даден гол или не. Мора да ја оставиме сегашноста, бидејќи нè чека иднината“, изјави Гравина.

Натпреварот кој ќе се игра на „Енцо Барбера“ во Палермо е закажан за во четврток со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...