Претседателот на Кардиф: Да веруваме во чудо, дека Емилијано Сала и пилотот се живи

Фудбалскиот свет се уште се надева дека ќе се случи чудо и Емилијано Сала ќе биде пронајден жив по страшната трагедија и исчезнувањето на авионот со кој тој требаше да пристигне во Англија и да биде претставен како ново засилување на Кардиф. Фудбалерот на Нант се врати да се поздрави со своите соиграчи, но кобниот лет најверојатно го одведе во смрт.

Претседателот на Кардиф, Мехмет Далман, изрази жалење, но и надеж дека сепак потрагата ќе биде успешна.

„Нема зборови со кои можам да ја искажам мојата тага, како и тагата на сите вработени од клубот Кардиф за оваа трагедија. И не би сакал да верувам дека сето тоа ќе заврши трагично, затоа што се надевам дека потрагата сепак ќе биде успешна и со среќен крај. Мораме да оставиме и понатаму барем малку надеж дека пилотот успеал да слета во морето и дека заедно со фудбалерот Емилијано Сала се живи. Во овие тешки моменти ние даваме поддршка на семејството на Сала“, изјави претседателот на Кардиф.

 

Се вчитува...