Претседателот на Ла Лига ги соопшти датумите кога ќе продолжи фудбалот во Шпанија

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас откри кога би можело да продолжат фудбалските првенства во Шпанија. Шпанија е најпогодената земја во Европа од коронавирусот во моментов, па токму поради актуелната ситуација Тебас соопшто дека фудбалот во Шпанија најрано би можел да продолжи на 28. мај.

Тој порача дека кога ќе се создадат услови најпрво мора да се остави клубовите да имаат најмалку двонеделен тренинг, значи некаде од почетокот на мај, па потоа да продолжат натпреварите.

„Имаме разработено неколку сценарија, но и натаму се зависи од тоа кога ова ќе се смири. Имаме три датуми за продолжување на Ла Лига, 28. мај, 6. јуни и 28. јуни. Не можеме да го кажеме точниот таму затоа што уште ништо не е официјално. Се надевам дека клубовите од 26. април ќе може да почнат да тренираат“ – вели Тебас.

 

Се вчитува...