Претседателот на РФМ Стефанов заедно со министерот Ристовски и Кирил Лазаров на Ф4 во Келн

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, присуствува на завршниот турнир од Лигата на шампионите, кој се одржува во Келн, Германија.

Врвот на РФМ во Келн е во друштво на министерот за спорт Борко Ристовски, а таму и најдобриот ракометар на сите времиња на Македонија и во моментов селектор на репрезентацијата на Кирил Лазаров. Најдобрите четири европски екипи во машкиот клупски ракомет се борат за престижната титула европски шампион, во спектакуларна атмосфера пред илјадници љубители на ракометот од целиот свет.

„Присуството на претставниците на РФМ на овој врвен ракометен настан претставува можност за размена на искуства, следење на најновите трендови во европскиот ракомет и зајакнување на меѓународната соработка со водечките ракометни организации и клубови.

РФМ продолжува активно да биде дел од најзначајните европски и светски ракометни настани, придонесувајќи за развојот и унапредувањето на македонскиот ракомет“, стои во соопштението од РФМ. 

Се вчитува...