Американскиот милијардер Џејмс Палота не можеше да ги совлада емоциите по големиот триумф над Барселона и елиминацијата на каталонскиот гигант, па прослави во фонтаната на Пјаца Дел Пополо во центарот на Рим. Со оглед дека тоа е историски споменик на културата во древниот град, тој мораше да плати казна од 500 евра. Но, Палота побара прием кај градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, и во знак на извинување одлучи да донира огромни 230.000 евра.
„Му се заблагодаруваме на претседателот на Рома на галантноста. После синоќешното ’нуркање’ во фонтаната, тој одлучи да направи голем гест и на градот му подари 230.000 евра за реноивирање на фонтаната покрај Пантеон“, изјави градоначалничката на Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА