Претседателот на Трабзонспор за Алиоски: Го сакавме летоска, требаше да размисли

Претседателот на Трабзонспор, Ахмет Агаоглу во медиумите во Турција, даде свој коментар за идните можни ангажмани на тимот во текот на зимата. Еден од оние кои може ќе го засилат лидерот во туското првенство е и Езџјан Алиоски кој бил незадоволен од Саудиска Арабија, и сакал да се врати во Европа. Исто така за него интерес има и од Верона.

Агаоглу го прашаа и за можен трансфер на Алиоски, по што тој кратко одговори:

„Слушнав дека Алиоски бил несреќен во Саудиска Арабија. Тој требаше да размислува кога отиде таму. Беше на нашиот список во летото“, рече Агаоглу, притоа не коментирајќи дали и натаму Трабзонспор го посакува во своите редови.

Трабзонспор во моментов е прв во Турција со дури девет бода предност пред второпласираниот тим на Коњаспор.

 

Се вчитува...