Претставен најпрестижниот спортски трофеј во Скопје! (ФОТО)

Денеска во Скопје беше претставен најпрестижниот спортски трофеј. Истиот во декември оваа година ќе заврши во рацете на најдобрата селекција во рамки на Светското фудбалско првенство во Катар.

Бразилската легенда Жилберто Силва заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски го открија трофејот на ФИФА.

Скопје и Македонија првпат се дел од турнејата низ светот на највредниот пехар, која е петта откако „Кока Кола“ е еден од главните спонзори на планетерните фудбалски собири.

Се вчитува...