Претставени маскотите за ЛОИ 2020 во Токио

Организаторот на следните Летни Олимписки Игри, градот Токио, ги претстави маскотите за најголемиот спортски настан кој ќе се одржи во 2020 година. Маскотата за Летните Олимписки Игри кои ќе се одржат во јапонскиот град се вика Мираитова, а за Летните Параолимписки Игри го доби името Сомеити.

„Ликовите ги добивме по предлозите што ги испратија сите ученици од Јапонија. Среќни сме што нашата младина учествуваше во изборот“, изјавија организаторите на следниот најголем планетарен спортски настан.

Се вчитува...