Претставено логото за СП 2026: Навивачите разочарани

ФИФА го објави логото што ќе се користи на следното Светско првенство. За прв пат во историјата, Светското првенство во 2026 година ќе го организираат дури три земји, САД, Канада и Мексико.

Тоа ќе биде 26. Светско првенство во историјата, а токму тоа е и симболиката на новото лого.

„Ова е моментот кога трите земји и целиот континент можат колективно да кажат: „Ние сме обединети и заедно сакаме да му посакаме добредојде на целиот свет и да го направиме најголемото, најдоброто и најинклузивното можно Светско првенство досега“. Турнирот ќе им овозможи на трите земји домаќини самостојно да напишат своја страница во историјата на светските првенства, а ова уникатно брендирање е првиот чекор кон 2026 година“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Навивачите се разочарани од дизајнот и многу од нив на социјалните мрежи тврдат дека ова е најлошото лого на Мундијалот во историјата.

 

Се вчитува...