Претставници на МОК дел од престижниот ЕУ спорт конгрес 2025

Претставници од Македонскиот олимписки комитет беа дел од престижниот ЕУ Спорт Конгрес 2025, кој минатата недела се одржа во Лил, Франција – водечки европски форум што ги обединува клучните актери во спортот, иновациите и општествената одговорност.

Настанот собра високопрофилни говорници – министри, експерти и лидери од Европската комисија и националните олимписки комитети, кои дебатираа за иднината на спортот, дигиталната трансформација и етичкото управување.

„Македонскиот олимписки комитет со гордост учествува како партнер во два европски проекти презентирани на Конгресот:
PORTAL – иницијатива што го поттикнува дигиталниот развој и комуникациските капацитети на спортските организации, создавајќи поефикасен и модерен спортски екосистем.
HERO – проект што се фокусира на правата на спортистите и создава онлајн обука за нивна едукација и заштита. Преку HIRO се истражуваат клучните предизвици и одговорности на спортските институции – од заштита на спортистите и еднаквост на теренот, до вградување на човечки права во спортското управување и одржлив развој.
Присуството на МОК на ЕУ Спорт Конгресот ја потврдува нашата посветеност на етичко управување, иновација и унапредување на правата на спортистите – денес и во иднина“, стои во соопштението на МОК.

Се вчитува...