Прибак потпишува за Војводина

Поранешниот македонски репрезентативец Немања Прибак по четири години заминува од Бешикташ и се враќа во СЕХА – лигата. Централниот бек ќе потпише договор со српскиот клуб Војводина. Имаше најави дека неговиот потпис ќе го добие Железничар Ниш, но на крајот Прибак сепак ќе заврши во Војводина.

Прибак во минатото беше еден од милениците на скопската публика играјќи за Вардар, а настапуваше и за Нант. За Македонија одигра 13 натпревари и даде 17 голови.

Се вчитува...