Прием во Владата: Државата ќе даде уште 600.000 евра како награда за Вардар

Ракометарите на Вардар денеска беа на свечен прием во Владата на С. Македонија, каде од страна на Премиерот Зоран Заев беше најавена уште поголема државна помош како награда за извонредниот успех на Ф4 турнирот во Келн.

По сумата од 100.000 евра што како награда ја најави Град Скопје, Премиерот Заев соопшти дека ќе поднесе предлог до Владата за награда од 500.000 евра, а Агенцијата за Млади и Спорт ќе донира дополнителни 100.000 евра. На приемот присутен беше и првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко, кој со овие пари дефинитивно ќе може да покрие дел од големите долгови кон ракометарите и стручниот штаб.

Присутни беа и челниците на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов и Филип Милошевски, како и Михајло Михајловски, кој е најавен како еден од предводниците на новиот проект на Вардар, кој ќе биде стартуван со државна помош.

Се вчитува...