Приходко поразен во 1/16-финалето на Челинџерот во Трст

Натурализираниот македонски тенисер Олег Приходко загуби во 1/16-финалето на АТП Челинџерот во Трст, Италија.

Приходко, кој е на 428.место на АТП листата, загуби од Аргентинецот Барена (253. место на АТП) во два сета, со 4-6 и 4-6.

28-годишниот Олех Приходко е Украинец кој доби македонско државјанство, и е член и на македонската Дејвис куп репрезентација.

Се вчитува...