„Пријателот“ на Меси – нов соиграч на Пандев во Џенова

Максимилијано Меза неочекувано доби и преголема шанса на овој мундијал во дресот на Аргентина, и слободно може да се каже дека не ја оправда довербата на селекторот Сампаоли. Сепак, Меза беше присутен на секој натпревар на „гаучосите“, а новинарите тврдат дека првотимскиот статусс го осигура со своето пријателство со Лионел Меси.

Колку и да одигра под посакуваното ниво, настапот на СП е доволна препорака за овој фудбалер летово да замине во Европа, и тоа како што стојат работите во редовите на Џенова кај нашиот Горан Пандев. Интер сериозно ја разгледува можноста за ангажман на овој крилен офанзивец, но бидејќи веќе е потпишан Мартинез „нероаѕурите“ немаат право да доведат уште еден неевропски играч во овој преоден рок. Во целата ситуација добро се вклопува Џенова, која во договор со Интер би го довела овој играч на една сезона, а потоа би го проследила со клубот од Милано.

„Тоа е опција што ми се допадна и на мене и на Меза, би му одговарало да ја мине првата европска сезона во тешка лига како италијанската. Тој е максимално подготвен за такво нешто, откупната клаузула му изнесува 12 милиони евра како и пред мундијалот“ – изјави агентот на Меза, Серхио Каризо.

Се вчитува...