ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Голеада во Струмица со победа на „пандевци“, Работнички го победи Кожуф, Охрид подобар од Караорман

Академија Пандев триумфираше против Победа со 4-3 на пријателскиот натпревар кој се одигра на СЦ „Пандев“ во Струмица.

Победа поведе со голот на капитенот Бојан Спиркоски, а до одморот домашните израмнија на 1-1. На почетокот на вториот дел Ак. Пандев ги искористи грешките на повратникот во Првата лига и со три брзи гола стигна до убедливо водство од 4-1. Потоа следеа два гола на Победа. Атдхе Мазари намали на 4-2, а конечните 4-3 со својот втор гол-најубав на мечот од слободен удар од 20 метри ги постави Бојан Спиркоски.
За двата тима ова беше последниот тест-меч пред стартот на новата сезона.

На 7. август во 1. коло Победа ќе гостува на Струга Трим Љум, а Ак. Пандев ќе ја пречека Брегалница.

Работнички го победи Кожуф

Работнички го победи Кожуф со 2-1 на пријателскиот натпревар одигран во Скопје. Стрелци на головите беа Методи Максимов и Анес Рушевиќ.

Охрид славеше против Караорман на „езерскиот“ тест-дуел

Екипата на Охрид со голот на Мартин Нически успеа да извојува победа од 1-0 против повратникот во Втората лига, струшки Караорман. Претходно Дамјан Серафимов успеа да одбрани удар од белата точка.

Се вчитува...