Фудбалерите на Гостивар ремизираа (1-1) со чешкиот прволигаш Храдец Кралове на пријателскиот натпревар за време на подготовките во Анталија.
Кехинде од пенал донесе предност за гостиварци од 1-0 во 12. минута, но Чесите, исто така од пенал, успеаја да израмнат во 44. минута за конечни 1-1.
Охрид, пак, славеше со 1-0 на пријателскиот натпревар против Тетекс кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Стрелец на победничкиот гол за охриѓани беше Виктор Наумовски од пенал во 61. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА