ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победа подобра од Кожуф, Борец славеше против Детонит

Прилепска Победа стигна до првата победа во зимскиот подготвителен рок славејќи со 1-0 на тест дуелот против Кожуф.

Прилепчани до триумфот дојдоа со голот на Танушев во 89. минута од натпреварот. Следниот пријателски натпревар на Кожуф ќе биде против Кит-Го на 6. февруари.

Астарџиев донесе триумф за велешани

Борец Велес дојде до триумф на пријателскиот натпревар против Детонит јуниор. Велешани славеа со 1-0 благодарение на голот на Астарџиев во 52. минута од средбата.

Се вчитува...