ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победа подобра од Пирин, реми на Академија Пандев и Брегалница

Прилепска Победа славеше на првиот пријателски натпревар за време на своите подготовки во Банско против бугарскиот второлигаш Пирин Разлог со 1-0.

Стрелец на единствениот гол вреден триумф за прилепчани беше новото засилување во тимот, Бурхан Мустафов.

Реми без голови на Академија Пандев и Брегалница

На пријателскиот натпревар одигран во Штип, Брегалница и Академија Пандев одиграа меч без голови.

Генч Калемлер подобар од Кораб

Во првата пријателска средба на стартот од подготовките, новиот второлигаш Генч Калемлер од Гостивар славеше против Кораб со 3-2 (2-0).

Головите за Генч Калемлер ги постигнаа Адис Билали, Исмаил Абдулах и Емир Алиу.

Се вчитува...