ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победа ремизираше со Пирин, Саса подобра од Брегалница

Прилепска Победа ремизираше (1-1) со бугарскиот второлигаш Пирин на пријателскиот натпревар во Банско.

Двата погодоци беа постигнати во првиот дел. Бугарите поведоа со голот на Костадинов, а израмни засилувањето Жоглеб со прекрасен лоб удар.

Следниот тест дуел на прилепчани во Банско е утре против Академија Пандев, а генералката пред стартот на шампионатот ќе биде на 29. јули против Кожув.

Саса славеше со 3-1 против Брегалница во Штип

Во пријателските натпревар на двата второлигаши од Истокот, Саса Каменица славеше против Брегалница во Штип со 3-1.

Саса поведе со погодокот на Дени Стојанов уште во 17. минута. Домашните израмнија преку Стефан Мишев во 24. минута, но гостите со головите на Бојан Иванов од пенал во 37. минута и Кристијан Јордановски во 42. минута стигна до конечната победа.

Од утре штипјани заминуваат на подготовки во Струга каде се планирани и неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...