ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Ренова го победи Гостивар, Струга ТЛ триумфираше против Гоблен

Фудбалерите на Ренова ја запишаа и втората победа на подготовките во Охрид.

Откако славеа против албанскиот второлигаш Деволи со 4-2, избраниците на Никола Илиевски – Џиџи стигнаа и до втората убедлива победа, овој пат од 4-0 против второлигашот Гостивар.

Струга Трим Лум го почна подготвителниот циклус со триумф

Лидерот по есенскиот дел во Втората лига – Запад, екипата на Струга Трим Лум, со победа ги почна подготвителните натпревари за време на зимската пауза.

Стружани денеска на стадионот на СРЦ „Билијанини извори“ во Охрид извојуваа победа од 1-0 против Гоблен јуниор.

Стрелец на единствениот гол за Струга Трим Лум беше Ардит Шаќири во 15. минута од натпреварот.

Се вчитува...