ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Шкупи подобар од Балкани, Тиквеш револтиран го напушти теренот во Гостивар

Во очекување на стартот на новата сезона, сега закажан за 12. август, Шкупи славеше на пријателскиот натпревар против косовскиот прволигаш Балкани со 3-2.

Шкупи по првиот дел имаше предност од 1-0 благодарение на погодокот на Броја, а во вториот дел погодија и Баже Илијоски и најновото засилување од Работнички, Бразилецот Сержињо.

Тиквеш го напушти дуелот со Генч Калемлер револтиран од судењето

Тиквеш не го доигра пријателскиот натпревар во Гостивар против новиот второлигаш Генч Калемлер поради револт од судењето на мечот.

На полувремето од дуелот, тренерот на гостите, Љуочо Димитковски – Гањо се одлучи да ја повлече екипата и повеќе да не го продолжува пријателскиот натпревар. Причина за тоа е вториот постигнат гол на домашните пред самиот крај на првиот дел, кој според гостите бил постигнат од офсајд позиција. До полувремето Генч Калемлер водеше со 2-0.

Се вчитува...