Битолски Пелистер запиша срамен пораз на првата контрола низ подготовките за новата сезона во второлигашкото друштво.
Битолчани на првиот интернационален тест дуел загубија убедливо од грчки Паниониос со неверојатни 8-0 (3-0). Ова беше и прв натпревер на клупата на „зелените“ за новиот тренер Христов.
Во останатите денешни пријателски натпревари, Работнички славеше против екипата на АП Брера со 1-0. Единствениот погодок за „романтичарите“ го постигна Матеј Киш во 52. минута.
Охрид, пак, со идентични 1-0 славеше во дуелот со Новаци. Стрелец на победничкиот гол беше повратникот во редовите на ГФК Охрид Лихнидос, Дамјан Масевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
