ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Струга ТЛ подобра од Гостивар, Генч Калемлер ја победи Брегалница

Фудбалерите на Струга Трим Лум славеа со 2-0 во пријателскиот натпревар против Гостивар кој се одигра денеска во Струга.

Стружани, кои се и лидери во Втората лига – Запад по есенскиот дел од шампионатот, до победата дојдоа со погодоците на Дејан Цветаноски и Нијаз Лена.

За двата тима ова беше последна контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот закажан за 7. март.

Генч Калемлер ја победи Брегалница

Фудбалерите на Генч Калемлер славеа со 1-0 против штипска Брегалница во генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во Втората лига – Исток.

На дуелот кој се одигра во Гостивар, Генч Калемлер победи со гол постигнат од пенал во 80. минута од средбата.

Како што е познато, на почетокот од зимските подготовки двете екипи одиграа меѓусебен пријателски натпревари и во Штип кој заврши со победа на Брегалница од 4-1.

Се вчитува...