ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Струга ТЛ подобра од Тетекс, реми на Лабуништа и Велазерими

Фудбалерите на Струга Трим Лум победија против Тетекс со 2-1 на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Стружани до победата дојдоа со погодоците на Флорент Османи и Христијан Драгарски, а стрелец на единствениот гол за Тетекс беше Валон Зекири.

Реми на Лабуништа и Велазерими

Второлигашите Лабуништа и Велазерими ремизираа (2-2) во меѓусебната тест пресметка во Струга. Првото полувреме мина во израмнета игра завршувајќи 1-1, а во ист стил двете екипи заокружија и низ вторите 45 минути од натпреварот.

Брегалница поразена од Гоблен

Брегалница загуби со 0-1 од Гоблен на пријателскиот дуел кој се играше во Штип. Биљали беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот вреден победа за второлигашот од Куманово.

Се вчитува...