ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Убедливи Кожуф и Велазерими, реми на Струга ТЛ и Кораб

Гевгелискиот второлигаш ФК Кожуф славеше со 3-0 против Плачковица од Радовиш на контролниот натпревар пред стартот на новата второлигашка сезона.

Попов, Ристовски и Атанасов беа стрелци во триумфот на гевгеличани. Следниот натпревар Кожуф го игра во сабота (21. јули) во Велес против екипата на Борец.

Реми на Струга ТЛ и Кораб

Струга Трим Лум ремизираше (1-1) со Кораб на пријателскиот натпревар кој се одигра во Струга.

Кораб дојде до водство со голот на Дрило Колечи во првото полувреме, а Струга ТЛ израмни преку Агон Хајредини во второто полувреме.

Следниот пријателски натпревар на Струга ТЛ е во сабота (21. јули) против Ренова во Охрид, додека Кораб во петок (20. јули) ќе игра против Силекс.

Тетекс подобар (2-0) од младинците на Вардар

Второлигашот Тетекс славеше со 2-0 против младинскиот состав на Вардар. Претходно „штофарите“ загубија од Струга ТЛ со 4-2.

Тетекс амбициозно ја очекува новата сезона со ангажман на неколку докажани прволигашки имиња. Последен кој се приклучи на тимот е Марјан Мицков од Силекс.

Велазерими славеше со 8-0 против Лакочереј

Велазерими славеше убедливо со 8-0 против ФК Лакочереј од Охрид во првиот контролен натпревар за време на летните подготовки.

Влоријан Исмаили и Мурат Адили постигнаа по два гола на мечот, додека Шпенд Асани, Белул Небиу, Арменд Алиу и Албулен Имери постигнаа по еден гол.

Следните пријателски натпревари на Велазерими ќе бидат против Македонија ЃП и косовскиот Фероникели.

Се вчитува...