Пријателскиот натпревар помеѓу Победа и Вардар заврши со инцидент на преполниот „Гоце Делчев“

Пријателскиот натпревар помеѓу Победа и Вардар не помина во толку пријателска атмосфера. И покрај тоа што дуелот го одбележа спектакл и враќање на публиката на стадионот „Гоце Делчев“ по подолго време каде беа присутни повеќе од три илјади навивачи, судијата мораше да го прекине мечот поради инциденти на теренот.

Имено, во 92. минута од средбата при остар старт на Оливер Пеев над противнички играч дошло до кошкање помеѓу играчите, а своја улога одиграла и публиката.

Судијата реагирал и свирнал крај на мечот, а на семафорот стоел резултат 1-1.

Се вчитува...