Прилеп без шанси во Автокоманда, нова победа на Металург

Металург забележа нова суперлигашка победа откако тимот од Автокоманда вечерва рутински триумфираше над Прилеп со 35-27. „Металурзите“ повторно беа со ограничен ростер, но и покрај огромните финансиски проблеми најдоа начин да се мотивираат и да стигнат до победата.

Избраниците на тренерот Марковски од самиот почеток до крајот на мечот целосно го контролираа резултатот, на одмор заминаа со 17-13, за до крајот на мечот да стигнат и до убедливи „плус осум“.

Озтурк со осум гола беше прв стрелец на Металург, седум погодоци постигна Лазаревски, а шест Златко Хорват. Најефикасен на натпреварот беше Христијан Милошевски со 12 постигнати гола.

Се вчитува...