Денеска и официјално во Прилеп е промовиран новооснованиот Градски фудбалски клуб Победа – Прилеп (ГФК Победа), клуб создаден со јасна цел – повторно да изградиме силен фудбалски колектив кој ќе го претставува Прилеп со гордост, посветеност и амбиција, информираа основачите на новиот клуб.
Шеф на стручниот штаб ќе биде Филип Мирчески, добро познато име за прилепската фудбалска јавност.
Како што беше истакнато на прес-конференцијата, посебно внимание ќе биде посветено на развојот на младите фудбалери. Тони Наумоски ќе биде вклучен во регрутацијата и развојот на младинските категории – пионери и кадети.
Во рамки на клубот ќе бидат вклучени и млади фудбалери од генерациите 2010, 2011 и 2012, кои ќе имаат можност да се натпреваруваат и во иднина да бидат основата на сениорскиот тим.
ГФК Победа својата прва сезона ќе ја започне во Третата македонска фудбалска лига.
„Пред нас е долг пат. Клубот го започнуваме од почеток, чекор по чекор, со желба да изградиме стабилна, организирана и успешна фудбалска средина на која Прилеп ќе биде горд. Во почетниот период функционирањето на клубот ќе се темели на донации, спонзорства и поддршка од сите оние кои веруваат во оваа идеја“ – посочија основачите на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
