Прилеп го изненади Пролет

Ракометарите на Прилеп направија подвиг откако на домашен терен го совладаа тимот на Пролет со резултат 27-24. Гостите од Скопје допатуваа во Прилеп со улога на фаворити, но покажаа бројни слабости во играта што мотивираните домашни ракометари знаеја како да ги искористат за да стигнат до позитивен резултат.

Пролет имаше водство од 1-2 и од 2-3, но Прилеп потоа презеде целосна контрола над играта и резултатот. Домашниот состав набрзина поведе со 9-6, предност што дополнително ја зголеми до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со водство од 14-8. Гостинските ракометари ја ублажија убедливата негатива, но прилепчани до десетина минути до крајот умешно ја одржуваа предноста меѓу три и четири гола. Пролет не се предаде, на две минути до крајот стигна до „минус еден“, резултат при кој Палевски не реализираше шут за израмнување. Прилепачни знаеја како да го казнат тоа, ги реализираа своите последни напади на мечот и стигнаа до заслужена победа.

Чантурија со шест и Шокоски со пет погодоци беа најефикасни меѓу победничките ракометари, а прв стрелец на Пролет при денешниот пораз беше Палевски со шест погодоци.

Се вчитува...