Прилеп го зеде скалпот на Голден Арт КЛ7

Прилеп стигна до голем триумф во борбата за опстанок во ракометната Суперлига, откако во трилер меч славеше на гостувањето кај Голден Арт КЛ 7 со 35-36. Поголемото искуство беше клучно гостите да бидат посконцентрирани во финишот на мечот и да стигнат до победа која што може да значи многу на крајниот изглед на табелата.

Реваз Чантурија со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Кристијан Симоновски заврши со ист број на голови.

Се вчитува...