Прилеп преку Вардар Неготино до првата победа во новата сезона

Ракометниот тим на Прилеп преку Вардар Неготино успеа денеска да ја запише првата победа во рамки на 5-то коло од македонската Суперлига (22-18).

Првото полувреме беше одиграно доста тврдо со чести грешки на двете страни, па домаќините на пауза заминаа со минимална предност од 7-5. Во вториот дел прилепчани доминираа во целост, одиграа одлично во нападот и одбранта, а ваквиот пристап кон играта им ги донесе првите 3 бода.

Прилеп беше предводен од Давор Шокоски со шест гола, кај гостите најефикасен беше Петре Пеовски со постигнати четири погодоци.

Се вчитува...