Прилеп убедлив против Бутел

Ракометарите на Прилеп изненадувачки полесно од очекуваното стигнаа до голема победа на домашен терен против Бутел од 30-20 во натпревар од 14. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.

Домаќините тргнаа фуриозно уште од самиот старт па веќе на полувреме имаа убедливи 15-7. Во вториот дел прилепчани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 30-20.

Димитар Димитриоски со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Димитар Узунчев постигна еден помалку.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...