Еден од главните актери вечерва на натпреварот Реал Мадрид – Челзи ќе биде голманот Едуард Менди, кој не така одамна воопшто и не помислувал дека ќе биде дел од едно вакво супер сценарио.
После досега невидените турбуленции минатата недела, предизвикани од најавата на 12 богати клубови дека имаат намера да направат револуција и да формираат своја европска Супер лига, Лигата на шампионите продолжува овој вторник. И додека УЕФА смислува начини да ги казни клубовите меѓу кои се Реал и Челзи, полуфиналето во Лигата на шампионите ни носи голема човечка приказна, а истата се однесува на голманот на Челзи.
Едуард Менди ќе ја чува мрежата на „сините“ на мечот против најтрофејниот клуб во Европа и ќе се обиде да ги запре во потрагата по финалето во Лигата на шампионите. Сепак, тој самиот не очекуваше да стигне до овде. Овој голман е роден во Франција во 1992 година, а неговиот живот го поминал во голема сиромаштија. Иако минатата година Челси издвои 25.000.000 евра за неговиот трансфер, Менди добивач социјална помош од државата не толку одамна!
Само пред седум години беше отпуштен во Шербург, француски третолигаш, а потоа цела година останал без клуб. Поради тоа, Менди сериозно се сомневал дека некогаш ќе игра фудбал и започнал да бара работа во други сфери.
„Да ми кажеше некој пред шест години дека ќе завршам тука, немаше да се мачам да го слушам“, рече Менди.
По едногодишна пауза, летото 2015 година, сосема случајно доби покана да стане четврт голман на Олимпик од Марсеј. Еден од неговите поранешни соиграчи го препорачал на тимот, па Менди станал резервен чувар на мрежата во резервниот тим на поранешниот европски шампион, Марсеј Б.
“Ме спаси понудата од Марсеј. Би тренирал наутро, би работел попладне, бидејќи примањата за невработени не ми беа доволни. Имав бремена девојка. Понудата од Марсеј пристигна во вистинско време“, откри Менди.
Оттогаш, сè е подобро за него. Од 2016 година бранеше за Ремс, тогаш второлигаш во Франција, и по три години се пресели во Рен. Тој сега заработува близу 4.000.000 евра годишно во Челзи, а вечерва ќе се сретне против тимот за кој игра неговиот (моментално повреден) братучед Ферлан Менди, инаку репрезентативец на Франција.
6 years ago, Edouard Mendy was released by Cherbourg, needed French unemployment benefit to look after his pregnant girlfriend, and almost quit football altogether.
Tomorrow he will be starting in a Champions League semi-final vs Real Madrid. pic.twitter.com/cXDNRAe9J3
— Oddschanger (@Oddschanger) April 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА