Приморска не патува за Србија, згаснува ли словенечкиот тим?

Натпреварот помеѓу Борец и Приморска во 10. коло од АБА лигата нема да биде одигран поради одлука на тимот од Копер да не патува на гостувањето во Србија.

Натпреварот кој требаше да се одигра во понеделник нема да се одржи, а словенскиот тим ќе препрпе „официјален пораз“ од 20-0.

„Во согласност со статутот на лигата и поради неоправданото непојавување на натпреварот од 10. коло, Приморска автоматски ќе биде поразена со резултат 20-0 и нема да им биде доделен бод за пораз. Понатамошните евентуални санкции поради неоправданото непојавување ќе бидат усвоени во согласност со Дисциплинските прописи на АБА лига“ – стои во соопштението на регионалното првенство.

Што ќе значи истото за МЗТ Скопје и Работнички останува да видиме. Доколку словенскиот тим згасне, за следната сезона во АБА лигата ќе има дополнително место со што би значело поголема можност за влез на македонските клубови во најдоброто регионално натпреварување.

Како потсетување, Приморска беше пред згасување и пред почетокот на лигата, а во таа случај прва опција за влез во натпреварувањето беше составот на МЗТ Скопје, кој „извиси“ во последните минути.

Се вчитува...