Пристигна нова одлука во „белиот спорт“, дали Ѓоковиќ воопшто ќе игра на Австралија опен?

Како што сега стојат работите, новата одлука во „белиот спорт“ гласи дека сите тенисери ќе треба да се вакцинираат до крајот на ноември, односно да ги добијат двете дози за да можат да играат на првиот Гренд слем сезонава.

Имено, според одлуката на владата во Викторија, само вакцинирани спортисти ќе можат да останат на територијата на оваа австралиска држава, што значи, дел од играчите кои не се вакцинирани нема да можат да настапат на Австралија Опен.

Според податоците од Њујорк од УС Опен, само 60% од тенисерите во главната ждрепка биле вакцинирани. Се шпекулира дека најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ, не ја примил вакцината и дека најмалку четири од рангираните топ – 10, исто така, не биле вакцинирани. Што се однесува до Ноле, тој и порано изрази резервиран став за вакцината.

Првиот човек на австралискиот тенис, Крег Тили, изјави претходно дека ограничувањата за невакцинираните играчи ќе бидат строги во Мелбурн. Но, сега се чини дека оди чекор подалеку, властите, со оглед на околу 1000 заразени луѓе дневно во Мелбурн, велат дека нема да ризикуваат и дека невакцинираните играчи нема да можат да стапнат на почвата на оваа земја.

Ѓоковиќ е апсолутен владетел на Мелбурн, освои дури девет титули во Австралија, со десетта ќе остане сам на врвот на вечната листа на победници на Гренд слем турнирите, оставајќи ги зад себе Надал и Федерер.

Се вчитува...