Притисокот расте – Анри добива отказ во следните 48 часа

Тиери Анри е најнов доказ врвните фудбалери можат да бидат големи промашувања како тренери, откако легендарниот француски голгетер се посрамоти на клупата на Монако.

Наместо да биде спасител, тој дополнително го закопа овој клуб, кој падна на претпоследното место на табелата, а во меѓувреме беше елиминиран од Купот на Франција од второлигашот Мец. Лошата атмосфера во клубот станува се поужасна со секој нареден натпревар, па управата веќе го загуби трпението со Анри, подготвувајќи отказ за овој стручњак.

Француските медиуми најавуваат дека разделбата ќе биде официјализирана во следните 48 часа, период во кој ќе биде договорено колкава сума ќе му исплати Монако на Анри за предвремениот раскин на договорот. Интересно, „кнезовите“ нема да ангажираат нов стратег, туку назад ќего вратат Леонардо Жардим, кој пред три месеци доби отказ од Монако.

Се вчитува...