„Приватна“ трка на Ферстапен за зголемување на предноста пред Хамилтон

Големата награда на Австрија му припадна на Макс Ферсапен кој откако вчера ја освои пол-позицијата денеска без проблеми обезбеди нови 25 поени. Холанѓанецот возеше „прватна“ трка од првиот до последниот круг со што во ниеден момент не ја донесе победата во прашање.

Згора на тоа Холанѓанецот доби поен и за најбрз круг со што со 26 освоени бода дополнително ја зголеми предноста во однос на Луис Хамилтон. Британецот долго време беше на втората позиција, меѓутоа оштетувањето на болидот на самата трка го спречи актуелниот шампион да се качи на подиумот и на крајот заврши како четвртти.

Второто место му припадна на Валтери Ботас, додека место на подиумот имаше и за Ландро Норис кој имаше перфектен викенд. Бодови освоија и Саинз, Перез, Рикардо, Леклер, Гасли и Алонсо.

Се вчитува...