Полицијата ПРИВЕДУВАШЕ по завршувањето на натпреварот Вардар – Шкупи!

Министерството за внатрешни работи објави дека по завршувањето на натпреварот Вардар – Шкупи приведени биле седум лица, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според полицијата, истите фрлале пиротехнички средства, го нарушувале јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување на наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачјето на Скопје.

„Денеска (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ “Петар Милошевски”, поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје, приведени се вкупно седум лица и против истите ќе бидат преземени мерки согласно законските прописи“, стои во соопштението на МВР.

Се вчитува...