Признание за „дијамантот“ – Елиф Елмас во тимот на колото во Калчо-лигата

Елиф Елмас одигра одличен натпревар на отворањето од Серија А против Венеција, постигнувајќи гол со кој стави печат на победата над Наполи.

Беспрекорното издание на Македонецот му донесе и место во идеалниот тим на првото коло, во кое Елмас се наоѓа рамо до рамо со Џеко и Чалханоглу од Интер, Дибала од Јувентус, Руи Патрисио од Рома…

Одличен старт на сезоната на македонскиот „дијамант“, кој би требало да биде стартер на Наполи во второто коло, во кое „наполитанците“ ќе му гостуваат на Горан Пандев во Џенова.

 

Се вчитува...