Македонија со одлична игра во второто полувреме ја совлада Романија и стигна до пехарот на „Трофеј Карпати“, а нашите ракометари воедно ги собраа и индивидуалните награди на овој турнир.
Никола Митревски по одличниот настап во финалето заслужено стигна до признанието за најдобар голман, додека Марио Танкоски го доби признанието за најкорисен ракометар на турнирот. Бекот на Металург одигра извонредно во финалето и со осум гола беше најзаслужен за победата на Македонија.
За селекторот Данило Брестовац ќе нема дилеми кога станува збор за овие двајца ракометари, Танкоски и Митревски ќе се најдат и на финалниот список за ЕП 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА