„Признавам, Златан поради мене го напушти Милан“

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се уште не донесе одлука околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Ибрахимовиќ следниот месец ќе биде слободен фудбалер бидејќи му истекува договорот со ЛА Галакси, а најверојатно повторно ќе го гледаме во Европа, а најголеми кандидати за неговиот потпис се италијанските Милан и Болоња.

Швеѓанецот големи успеси имаше со Милан за кого играше во периодот од 2010 до 2012 година. По повод шпекулациите и неговото враќање на „Сан Сиро“ се огласи и Бразилецот Тиаго Силва. Тој призна дека поради него Златан го напуштил Милан во 2012 година и преминал во Пари Сен Жермен.

„Ибрахимовиќ ми се јави и ме праша дали е вистина дека ќе преминам во ПСЖ. Му реков дека е вистина и дека туку што потпишав договор. Тогаш ми кажа ако ти одиш во ПСЖ преминувам и јас. По неколку дена двајцата заедно бевме на тренинг во Париз“, изјави Силва. 

Ибрахимовиќ за две години поминати во Милан забележа 85 настапи, на кои постигна 56 гола и 24 асистенции.

Се вчитува...