„Пробавме се, ПСЖ не ни сакаше да го продаде Нејмар“

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау вели дека Каталонците направиле се што е во нивна моќ да го вратат Нејмар на „Камп ноу“. Во текот на летото Бразилецот беше поврзуван со враќање во Барселона, од која замина во 2017 година за сума од 222 милиони евра.

„Вложивме голем напор како би го вратиле Нејмар. Направивме се што беше можно од наша страна. Испративме две понуди. Една од нив вклучуваше и други фудбалери, но имавме впечаток дека ПСЖ не сака да го продаде. Ние не сакаме да ја изгубиме контролота. Сакаме да имаме најсилен тим, но сакаме и да биде одржлив на долги патеки“, изјави Грау. 

Нејмар се соочува со проблеми во Париз, бидејќи е исвиркуван од навивачите на ПСЖ, поради тоа што јавно изјави дека сака да го напушти клубот и да се врати во Барселона.

Се вчитува...