Пробиштип и Струмица со победи го стартуваа плејофот од одбојкарската лига

Одбојкарите на Пробиштип ВА и Струмица со победи го отворија одбојкарскиот плеј-оф во македонскиот шампионат. Во првите полуфинални пресметки од плеј-оф разигрувањето сосема очекувано славеа најдобрите две екипи по регуларниот дел од првенството.

Пробиштип убедливо со 3-0 (25-16, 25-18, 25-23) славеше против ГОК Борец. Во вториот меч екипата на Струмица се мачеше против Лешок, но победи со 3-2 (25-10, 25-15, 22-25, 27-29, 15-11). Лешок поведе со 2-0 и кога сите мислеа дека мечот ќе заврши со убедлив триумф на домашните, гостинот се врати во игра. Во последниот сет, петти на мечот, Струмица освои поени кога беше најпотребно и го отвори плеј-оф разигрувањето со триумф.

Во женска конкуренција, очекувано победи во првите натпревари забележаа Јанта Волеј и СВСК. Јанта Волеј како гостин со 2-3 (19-25, 26-24, 25-21, 20-25, 12-15) славеше против Универзитет Тетово, додека СВСК на домашен терен со 3-2 (26-28, 25-21, 25-7, 23-25, 15-10) победи против Македонија Макс.

Се вчитува...