Проблем до проблем за Јуве – повредени уште двајца првотимци

Проблемите на Масимилијано Алегри од ден на ден се повеќе се зголемуваат, откако уште двајца првотимци на Јувентус се пожалија на повреди поради кои ќе мораат да отсуствуваат извесно време надвор од терените.

Пауло Дибала се повреди во првото полувреме од реваншот против Ајакс, а лекарите по деталните прегледи порачаа дека Аргентинецот ќе мора да паузира најмалку 20 дена од терените. Во ситуација кога е повреден и Манџукиќ, тоа дефинитивно ќе значи и нова шанса за младиот Кеан да ги покаже своите квалитети.

Уште потешка е ситуацијата со Сами Кедира, кој обелодени дека поради константните проблеми со коленото ќе мора да замине на операција. Германецот нема да може да се врати до крајот на сезонава, како продолжение на проблемите што константно ги има во текот на кариерата.

Се вчитува...