Проблем на стартот: Крилата доцнат, само еден тренинг во Скопје

Селекторот Данило Брестовац веднаш се соочи со проблеми, откако првите крила на репрезентацијата не се појавија на денешниот прв собир.

„Дејан Манасков ќе ни се приклучи директно во Рејкјавик, а летот на Гоце Георгиевски доцнеше, не знаеме дали ќе може да дојде на поладневниот тренинг. Што се однесува до повредата на Манасков, мислам дека не станува збор за нешто посериозно и дека тој ќе може да игра против Исланд“ – изјави селекторот Брестовац.

Македонските ракометари ќе одржат само еден тренинг во Скопје, бидејќи утре наутро летаат за Рејкјавик. Предвидено е „црвено-жолтите“ да имаат и еден тренинг во салата на одигрување на натпреварот, единствениот на кој Брестовац ќе ги има сите ракометари на располагање.

Се вчитува...