Проблем: Повреда на Величковска на последниот тренинг пред Словенија (ФОТО)

Ракометарките го одржаа последниот тренинг пред утрешното патување во Словенија, каде „црвено-жолтите“ в четврток ќе тргнат во невозможна мисија да ги анулираат оние „минус три“ од неделниот пораз во Скопје.

Шансите за чудо уште повеќе се намалуваат по повредата што вечерва ја заработи Габриела Величковска. Таа на рацете на репрезентативните колешки го напушти теренот, а потоа беше однесена на детални лекарски прегледи. Сепак, јасно е дека шансите за нејзин настап во Словенија се сведени на теорија, што е уште еден удар за селекторот Симевски во пресрет на реваншот од баражот за пласман на СП 2019.

Се вчитува...