Проблем пред Косово, се повреди Стефан Ристовски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го повреди мускулот и мораше да го напушти натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Авеш од португалското првенство по само 24 минути. Тој се пожали на болки и не можеше да продолжи, а на негово место во игра влезе Жоване Кабрал.

Ова секако е непријатна вест за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на плејоф – натпреварот од Лигата на нации против Косово што македонската фудбалска репрезентација ќе го игра на 26.март во Скопје. Ристовски е втор стандарден член од одбраната што се жали на повреда, откако и Дарко Велковски има проблеми со задната ложа и не настапи на денешниот меч од хрватскиот шампионат меѓу Ријека и Хајдук Сплит.

Се вчитува...