Проблем во најава – „Не верувам дека ЛШ во ракомет ќе почне во септември“

Директорот на германскиот ракометен гигант Кил, Виктор Силаџи вели дека мали се шансите Лигата на шампионите да стартува во предвидениот термин, односно викендот на 16. и 17. септември.

„Нема сигурност дека може да почне Лигата на шампионите. Од денешна гледна точка тешко е да се замисли дека натпреварувањето ќе почне на 16. септември. Важно е да ни се гарантира сигурност во сите држави во кои што ќе треба да патуваме. Ние како Кил нема да изложиме ниту еден член ако не сме сигурно дека се ќе биде според препораките на здравствените работници“, изјави Силаџи. 

Кил се наоѓа во група со Загреб, Мотор Запорожје, Нант, Веспрем, Барселона, Целје и Алборг, што значи дека тимот уште во групната фаза ќе мора да патува во секој дел од европскиот континент.

Се вчитува...