Проблем во семејството Ибрахимовиќ – Сегер: Златан сака во Болоња, жена му во Милано

Златан Ибрахимовиќ е подготвен за оди во Болоња, но неговата сопруга, Хелена би сакала ако се враќаат во Италија, да живее во Милано. Шведскиот фудбалер извесно е завршува со авантурата во САД и треба да донесе конечна одлука во декември кога и официјално му истекува договрот со ЛА Галакси.

Директорот на Болоња, Рикардо Бигон, потврди дека со Ибрахимовиќ имаат контакт, а италијанските медиуми претпоставуваат дека Златан би ја прифатил оваа понуда поради пријателството со Синиша Михајловиќ кој јавно му испрати замолница да дојде и да му помогне на клубот.

Сепак проблем би можела да биде сопругата на Златан која сакала да живее во Милано. Ибрахимовиќ во Италија играше за Јувентус, Интер и за Милан.

 

Се вчитува...