Баерн Минхен по првиот овосезонски пораз на гостувањето против Хофенхајм се соочи со нов проблем, по повредата што ја заработи Лирој Сане.
Крилниот офанзивец се пожалил на болка во мускулот за време на мечот со Хофенхајм, а лекарите по деталните прегледи му препорачале на екс-фудбалерот на Манчестер Сити одмор од најмалку две седмици. Ова значи дека Сане сигурно ќе го пропушти утрешниот дуел од Супер-купот на Германија против Борусија Дортмунд, неделниот бундеслигашки меч против Херта, а се очекува германскиот репрезентативец да ги пропушти и октомвриските средби на националниот тим, против селекциите на Украина и на Швајцарија.
Во стартниот тим на Баерн за пресметката со „милионерите“ ќе се врати Роберт Левандовски, а се очекува подготвен за настап да биде и Давид Алаба, кој десетина дена се мачи со незгодна повреда на мускулот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА